Четириесет и седум пратеници изјавиле до моментот дека ќе го поддржат договорот на премиерката Тереза Меј за Брегзит.
Сто дваесет и осум од кои 39 конзервативци, се изјасниле дека се против договорот за напуштање на ЕУ што Лондон го договори со останатите 27 членки.
Во британскиот парламент во моментот се водат дебати дали да се поддржи или отфрли документот, одлука со која ќе се одреди како ќе изгледа британското напуштање на Европската унија и ќе постави основи на идниот курс за економијата на државата.