Стопанската комора на северозападна Македонија апелира компаниите да ги користат средствата од ИПАРД програмата

Од:

Стопанската комора на северозападна Македонија апелира до нејзините членки да аплицираат за искористување на финансиските средства од ИПАРД Програмата. Од Комората велат дека им стојат на располагање на компаниите за стручен совет и помош околу изработката на проектите и процесот на аплицирање.

– Досега имавме добри примери и се надевам дека ќе имаме поголем интерес во иднина. Апелирам до компаниите да се обратат преку Комората за подобар и побрз пристап до овие финансиски средства. Ние сме тука да ги советуваме и да им помогнеме, за да можат на побрз и полесен начин да дојдат до финансиски средства за развој на нивниот бизнис, изјави Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија пред денешната презентација на инструментите на ИПАРД Програмата.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој посочуваат дека е важно апликациите да бидат добри за да може да се добијат европските пари кои ни стојат на располагање.

– За нас е многу важно да добиваме квалитетни, добри апликации со кои ќе можеме да ги искористиме средствата што ни се на располагање во програмскиот период 2014-2020 година, односно преку овие апликации, ние сакаме да направиме што поголема акумулација на средствата од европските фондови и тие да стигнат до нашите бизнисмени, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, додавајќи дека со тоа компаниите ќе ја подобрат финансиската стабилност и ќе имаат поконкурентни производи.

На располагање на македонските компании од агросекторот им стојат 25 милиони евра за огласите кои се во тек за мерката 1 и мерката 3 кои се однесуваат за преработувачките капацитети и за инвестиции во материјални средства за земјоделските стопанства.

Рокот за мерката за преработувачките капацитети е до 29 јануари, а рокот за мерката за инвестиции во материјални средства за земјоделските стопанства е до 9 февруари со можност да биде продолжен уште 15-тина дена.

Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој очекуваат дека ќе бидат искористени сите средства.

Би можело да ве интересира

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска