А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Германските Зелени во ЕП со критики до Вебер поради Македонија

by А1он14/01/2019 - 16:11236
Share0

Групата на германската зелена партија во Европскиот Парламент го повика Манфред Вебер, кандидатот на Европската Народна Партија (ЕПП) за претседател на ЕК, јасно да го поддржи Преспанскиот договор.

Следете a1on на Instagram Instagram

Манфред Вебер, кој неодамна беше пренесен од европскиот медиуми Еурактив дека го поддржува Преспанскиот договор, веднаш потоа ја демантираше изјавата и рече дека целосно го поддржува грчкиот опозиционер Кириакос Мицотакис и дека има целосно разбирање за „грчката чувствителност“ околу прашањето за името.

Оваа изјава предизвика незадоволство во повеќе политички партии во Европскиот Парламент, пред сѐ кај Зелените.

Германскиот европратеник од оваа политичка група и портпарол за германските Зелени во ЕП денеска издаде соопштение во кое го оквалификува однесувањето на Вебер како неодговорно и слабо.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Вебер ја става лојалноста кон грчките Демохристијани пред и над иднината на Македонија во Европа, напиша Гиголд.

Според него, однесувањето на Манфред Вебер не доликува на човек кој сака да стане претседател на Европската Комисија. Вебер е официјалниот кандидат на ЕПП на следните европски избори за оваа функција.

-Ангела Меркел го поддржа Алексис Ципрас и проевропските сили во Македонија, Вебер и ЕПП треба да го сторат истото, стои во реакцијата.

За Гиголд ставот на Нова Демократија е „популистички и кусоглед“ кога ја напаѓаат владата на Ципрас поради договорот со Македонија.

-Би било економски и политички трагично за Грција и Македонија ако не се најде решение за несреќниот спор за името, предолго овој спор го спречуваше економскиот и политичкиот развој во регионот. Демохристијаните во Македонија го бојкотираа референдумот за промена на името, лидерството на ЕПП не смее повеќе да ескивира, смета германскиот европратеник и ја повикува ЕПП да и обезбеди на Македонија европска иднина.

epgermanijaveber

Би можело да ве интересира

Нема доволно гас: Германија стравува за зимата

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 00:0421/08/2026 - 22:06

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Германија: потврдено торнадо, загина жена, оштетени десетици куќи

Катерина Ѓуровски20/08/2026 - 10:20

Германија мобилизира армија од 460.000 луѓе: Масовниот одзив на регрути ја изненади јавноста

Горан Наумовски18/08/2026 - 19:32

Банкротираа илјадници компании во Германија

Горан Наумовски17/08/2026 - 15:24

Големиот пожар од Белгија се приближува до Германија: Жителите на Моншау им е наредена

Горан Наумовски17/08/2026 - 06:47

Драма во Германија: Повеќе од 2.000 луѓе евакуирани поради пожар, пламените јазици се приближуваат кон село

Горан Наумовски14/08/2026 - 16:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео