(ВИДЕО) Костадинов: Со уставните измени се отворија перспективите

Од:

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција истакна дека Македонија станува 30 земја членка на НАТО оваа година, а по започнувањето на скрининг процесот, во оваа 2019 година се очекува и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

„Со имплементацијата на Договорот од Преспа и државничката одлука на мнозинството пратеници за уставни измени, отворени се перспективите, а во финална фаза се процесите до членството во НАТО и ЕУ“, изјави Костадинов.

Тој рече дека 2019 година, ќе била не само година на интеграцијата, туку и на економскиот раст. Портпаролот на владејачката партија посочи дека за оваа година, предвидено е уште едно зголемување на минималната плата, а платите растат во сите секотори.

„Вработените во здравството, образованието, детската и социјална заштита, одбраната, судството, полицијата добиваат поголеми плати за 5 отсто. Со зголемената помош кон претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор. Оваа година следува имплементација на уште една мерка, граѓаните да добиваат поврат на ДДВ од 15 отсто за купените производи или платените услуги. Тоа ќе обезбеди дополнителен годишен приход во секое семејство“, рече Костадинов.

Портпаролот подвлече и дека со реформираниот систем на социјална заштита, лицата приметли на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош, а ќе се намалат и трошоците на граѓаните за нотарски, адвокатски и извршителски трошоци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба