„Вашингтон пост“: Трамп криел детали од разговор со Путин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп скрил детали од разговори со рускиот колега Владимир Путин, објави Вашингтон пост.

Овој американски весник објави текст денеска, два дена откако „Њујорк тајмс” напиша дека ФБИ отвори истрага за односите на Трамп со Русија.

Повикувајќи се на актуелните и поранешни официјални претставници на Белата куќа, „Вашингтон пост” објави дека Трамп побарал од преведувачот, кој бил на состанокот на американскиот и руски лидер, да не објавува или да разговара за детали од неговиот разговори со Путин.

Според весникот, средбата на Трамп и Путин се одржала во Хамбург во јули 2017 година, а на неа бил и тогашниот државен секретар Рекс Тилерсон.

Американските официјални претставници дознале дека Трамп скрил белешки кога советник во Белата куќа и висок официјален претставник на американскиот Стејт департмент побарал информации од преведувачи, различни од оние што ги споделувал Тилерсон, нагласува Вашингтон пост. Администрацијата на Трамп ги отфрли тие наводи.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат