Британската премиерка Тереза Меј ги предупреди пратениците дека евентуално отфрлање на нејзиниот предлог за напуштање на Европската унија би имало катастрофални последици за државата.
Меј упати повик само два дена пред гласањето во Парламентот.
Засега според британски медиуми, нема јасен знак дека Меј ќе добие поддршка во Парламентот.
– Пратениците не треба да ги разочараат луѓето кои гласаа за Брегзит, нагласува Меј во статија во Сандеј експрес.
– Такво нешто би било катастрофално и недозволиво за довербата во нашата држава…Затоа мојата порака кон Парламентот овој викенд е јасна: време е да заборавиме на игрите и да направиме тоа што е добро за државата.
Министерот за надворешни работи Џереми Хант во петокот изјави дека ако договорот биде отфрлен може воопшто да не се случи Брегзит.