Саемот ЦЕС во Лас Вегас е еден од најголемите за технологија, но не е најпознат по промоција на нови модели на мобилни телефони. Сепак оваа година вниманието го привлече кинеската компанија Ројол со нејзиниот смартфон на преклопување.
Иако е промовиран како телефон, гаџетот е со големина од 7,8 инчи и може да се користи и како мал таблет. Работи на Андроид.
Примарната функција на уредот е телефон, но при отворањето содржините се прошируваат на целосен дисплеј.
Уредот има ока-кор Снапдрагон процесор со 2,8 Гигахерци и батерија од 3.800 милиамперчасови.
Телефонот поседува и две камери – една 20-мегапикселна со телефото леќа и една 16-мегапикселна со широка леќа. Двете служат и како предна и како задна камера кога екранот е преклопен.
Уредот е пуштен во продажба во Кина уште од октомври, а во останатите делови од светот засега е достапна само верзија за девеелопери.
Верзијата со 6 гигабајти рам и 128 гигабајти внатрешна меморија чини 1.318 долари, додека верзијата со 8 гигабајти рам и 256 гигабајти внатрешна меморија се продава за 1.469 долари.