Грчки медиуми: Утре средба Ципрас – Каменос

Од:

Коалиционите партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос утре во 10.30 часот по локално време ќе одржат средба, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори.

Според истите информации, Ципрас денеска разговарал со Каменос и го поканил утре наутро да се сретнат.

Претходно, медиумите во Грција, пишуваа дека според информации од партијата Независни Грци, средбата е закажана за во понеделник напладне.

Сепак, за утрешниот состанок на двајцата коалициони партнери, на кој ќе разговараат за иднината на нивната соработка во Владата, засега не постои официјална потврда или најава ниту од кабинетот на Ципрас, ниту од Независни Грци.

Иако беше неофицијално најавувано дека Каменос и Ципрас ќе се сретнат вчера, а и самиот премиер на Грција го спомена тоа во неговото интервју во средата, сепак средбата не се одржа, а причината според лидерот на Независни Грци, беше доцнењето на гласањето на уставните измени кај нас.

Вчера попладне, Каменос одржа состанок на пратеничката група на Независни Грци, која што помина без изјави за медиумите, а лидерот на партијата и коалиционен партнер во владата се огласи преку неговиот официјален Твитер профил.

– Единствената наша разлика во коалициската Влада е името на Македонија. Останатите работи се решаваат парламентарно. Прашање за доверба не постои, освен ако тоа се поврзе со Договорот од Преспа каде што ќе се донесат одлуки од органите на Независни Грци и ќе го известам премиерот, напиша Панос Каменос.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески