Граѓаните реагираат: Внуката на Филипче се вакцинира со игла со капаче

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил објави фотографија со својата внука на која што таа прима вакцина.

Филипче сакаше со фотогрфијата да покаже дека вакцините се безбедни, по скандалот со залепените налепници со погрешен рок.

„Утрово ја вакциниравме мојата внука Илина, вакцините се безбедни“ стои под фотографијата на министерот Филипче.

Сепак граѓаните реагираат на фотографијата и тврдат дека внуката на Филипче не била вакцинирана, туку дека таа била искористена само за маркетинг на социјалните мрежи бидејќи на фотографијата не било тргнато капачето од иглата на вакцината.

„Филипче ја вакцинира внуката со игла со капаче“ пишува под една од објавите.

Граѓаните на социјалните мрежи реагираат и на тоа што медицинската сестра која што ја вакцинира внуката на Филипче не носи ракавици, што според нив е уште еден доказ дека сликата е местена само за споделување на социјалните мрежи.

Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. …

Posted by Венко Филипче on Четврток, 10 јануари 2019

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите