На албански јазик во сите документи ќе стои ‘македонис’, во превод ‘на Македонија’, изјави Аријанит Хоџа од „Беса“, говорејќи за договорот со премиерот Зоран Заев пред гласањето за уставните измени во Собранието.
„Успеавме да најдеме решение за два амандмани пврзани со прашања за договорот од Преспа. Едниот се однесува на делот од дијаспората каде се набројуваат етничките заедници. Вториот е во врска со уставниот закон каде успеавме да најдеме креативно решение, како и во пет закони, со цел во документите на албански јазик државјанство да биде како и досега“, изјави Хоџа.
Галена Николовска-Ризвановиќ