Каменос: Единствената разлика во коалициската влада е името на Македонија

Од:

По завршувањето на состанокот на пратеничката група на Независни Грци, што помина без изјави за медиумите, лидерот на партијата и коалициски партнер во владата се огласи преку неговиот официјален Твитер профил.

-Единствената наша разлика во коалициската влада е името на Македонија. Останатите работи се решаваат парламентарно. Прашање за доверба не постои, освен ако тоа се поврзе со Договорот од Преспа, каде ќе се донесат одлуки од органите на Независни Грци и ќе го известам премиерот, напиша Панос Каменос.

Според грчките медиуми, Каменос го одложил и интервјуто закажано за вечерва за грчката телевизија Стар.

Лидерот на Независни Грци во разговор со новинарите рече дека средбата со Ципрас е одложена „додека не се тргне блокадата што постои во ПЈРМ“.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор