Богданци – центар на графиката во Македонија

Од:

Во наредните десет дена Богданци ќе биде центар на графиката и на уметноста во Македонија.

Од утре до 3 септември , во Богданци традиционално по деветти пат ќе се одржи Меѓународната графичка работилница „Софија“, единствена од ваков вид во Македонија и на Балканот.

На годинешната главна сесија ќе учествуваат 14 уметници (графичари) од Македонија и од странство, селектирани од државните ликовни академии во Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Љубљана, Сараево и Софија.

Ментор на работилницата ќе биде Игор Чабраја, редовен професор на Академијата за ликовни уметности во Загреб.

Од Здружението на граѓани „Графичка работилница „Софија“ Богданци“, кое е организатор на работилницата, велат дека нејзината цел е на младите и талентирани автори да им се овозможи размена на искуства и можност за реализација на нивните дела, бидејќи поради условите во кои се работи, графиката како техника е помалку застапена во целиот регион.

Завршната изложба ќе се одржи на 3. септември во галерискиот простор на Печатница „Софија“ во Богданци. Во текот на наредните неколку месеци, традицинално во Музејот на Град Скопје ќе се одржи и триенале, на кое ќе бидат изложени делата создадени од учесниците на графичката работилница во последните три години.

Графичката работилница „Софија“ првпат се одржа во 2008 година. До сега низ неа продефилираа над 140 графичари од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ