Зошто терористите не можат да бидат и ментално болни?

Од:

Непосредно по масакрот во Аурора од минатата недела, поголемиот дел од политичката класа го правеше она што вобичаено го прават политичките приврзаници. Прво дојде грдата и непотребна шпекулација околу тоа дали Џејмс Холмс, првично осомничениот во случајот, е либерал или конзервативец. Но аргументите замолчеа кога се откри дека Холмс самиот се опишува „на средина“ кога се однесува на политиката. Денес јавната дискусија се води околу тоа дали 24-годишниот поранешен студент по неуронауки е терорист или само ментално заболен човек.

Некои сметаат дека заради тоа што тој нема чисти политички мотивации, Холмс не може да биде карактеризиран како, да речеме, Нидал Малик Хасан, муслиманот кој отвори оган во Форт Худ во 2010 и уби 13-мина. Други пак, како што е професорот Давиндер Сиду, вели дека пресметливите намери на Холмс да складира оружје и панцири, мора да се нарече тероризам, ако Америка сака да остане праведна. Ако Холмс не биде осуден за тероризам, пишува Сиду во Балтимор сан, „тоа ќе биде протолкувано во ефект дека дефиницијата за тероризам се однесува само по прашањето за оние кои покажуваат приврзаност кон некои линии на радикалниот ислам… без разлика дали други имаат корист од овој сомнеж. Овој двоен стандард не е фер кон муслиманите и ги ослободува сите други од обвинување, на сопствена штета“.

Се согасувам со Сиду со тоа дека верувам оти јавноста треба да прави јасна разлика помеѓу холмовците и хасановците во светот. Сепак, онаму каде не се согласувам со Сиду е тоа што не верувам дека луѓе како Холмс им се прави корист со сомнежот околу менталната заболеност, туку зошто на луѓе како Хасан исто така не им се прави.

Додека нема сомнеж дека има цела планина од докази кога ќе дојдеме до врската меѓу тероризмот и менталната заболеност, со сигурност има доволно податоци секој да биде заинтересиран да се зачува Америка безбедна и конечно да почне да зема белешки.

Прво, влијанието на религиозноста во психичките епизоди е добро документиран феномен. Се разбира, не дека религиозноста предизвикува психози, туку тоа дека најверојатно заради централната улога на религијата во поголемиот дел од општеството, луѓето соочени со психотични епизоди често се потпираат на религијата на чуден и опасен начин. Потсетете се на случајот со Али Реза Шахсавари, кој лани ги натера пилотите на Саутист ерлајнс да слетаат откако скокна од своето седиште и почна да вика: „Сите ќе умрете. Сите ќе одите во пеколот. Алах акбар“. За многумина, Али Шахсавари можеби ќе изгледа дека тој претставува терористичка закана. Но излезе дека е само шизофреник кој зел погрешни лекови.

„Погрешно ако се отфрлат сите религизони тероризми као резултат на ментални заболувања, но постои и преклопување помеѓи некои ментални заболувања и изливи од религиозна природа“, напиша религиозниот блогер Моли Зиглер за Шахсавари. „Ако имате член на семејството со ментална шизофренија, на пример, големи се шансите да го почувствувате ова“.

Зиглер е во право. Излегував со девојка која има роднина шизофреник. Тој имаше блог на кој често пишуваше дека Бог директно му зборува, и му кажува што не е во ред со светот. Кога ќе сретнете луѓе чија болест ги прави кревки на такви наводи, не е тешко да се отрие кој е ловецот на жртви во некои од најголемите терористички организации во светот (или во ККК, или кај крипсовите-уличната банда од Лос Анџелес, и тн.), давајќи им предност за нивните штетни цели.

И тоа, како што покажуваат некои истражувања, е она што често се случува. Има се повеќе докази низ светот кои наведуваат врска помеѓу разнебитените дивеења на многу терористи, и во Америка и во странство, затоа што и самите тие се разнебитени од емоционални и ментални трауми. Пол Кикс објави некои од овие истражувања – како она на Адам Ланкфорд од Универзитетот на Алабама – во текст во Бостон глоуб во декември 2010.

Ланкфорд цитира израелски професори кои ги интервјуирале оние кои сакаат да станат палестински бомбаши самоубијци. Овие професори откриле дека 40 проценти од терористите покажуваат самубиствени намери; 13 проценти имале претходно обиди за самоубиство, кои не биле поврзани со тероризам. Ланкфорд открива дека палестински и чеченски терористи кои се финансиски слаби, се неодамна разведени или со влошено здравје неколку месеци пред да извршат напади. Грабнувачот на авион од 9/11, во прошталното писмо до неговата жена пишува колку е засрамен затоа што никогаш не и овозможил живот кој таа го очекувала. Регрутерите на терористи признаваат дека бараат „тажни луѓе“ за улогата на маченици.

„Тажни луѓе“, депримирани луѓе кои се соочуваат со трауми или животен неуспех, и луѓе кои претходно направиле обид за самоубиство. Дали е тоа екипа од болници или е поголемиот дел од Ал Каеда? Тешко е да се каже.

Да расчистиме, никој не вели дека сите – или барем повеќемината- терористи се ладнокрви и за крв гладни убијци кои знаат точно што прават секојпат кога ќе извршат грозоморен чин. Но постои причина да веруваме дека значаен број на домашни и странски терористи страдаат од токму истите ментални болести од кои бргу ќе разбереме дека луѓе како Холмс или момци како Ед Харис и Дилан Клеболд, убијците од Колумбајн, се обземени. Тоа што веднаш не ги поврзуваме со истите муслимани кои прават насилство кажува повеќе за нас самите отколку за нив. Тоа кажува дека сме народ кој сеуште делува под претпоставките дека сите терористи се со кафена кожа, и дека сиот тероризам може директно да се објасни и преку зборовите како „зло“ и „ислам“. Тоа кажува дека сме народ кој сеуште смета дека сме неспоредливо различни од другите луѓе. И кажува и дека сме нација која сеуште бара точни одговори во свет каде постојат многу малку точни одговори.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“