Зошто брзите тестови некогаш се лажно негативни – објаснува руска лекарка

Од:

Не е невообичаено брзиот тест за ковид да покаже лажно негативни резултати. Експертите велат дека ако наодот е позитивен – нема сомнеж, има инфекција. Меѓутоа, ако е негативен, не мора да е 100% точно. Руската докторка Надежда Чернишова објаснува зошто се случува ова.

Таа напоменува дека најдобро е да не се пуши пред тестирање, бидејќи тутунот може да влијае на вистинитоста на резултатите. Таа откри и што е најдобро да избегнувате кога одите на тестирање за да бидете сигурни дека примерокот нема да биде „загаден“ и дека ќе покаже точни резултати, пишува Мондо.

Според неа, пред да го направите тестот, исклучително е важно да се исклучат какви било механички ефекти врз назофаринксот, односно носниот дел од грлото.

– Не треба да го плакнете носот со ништо пред тестот, ниту да ставате капки. Најчесто, вирусот не се открива кога некое лице претходно ставило капки или го исплакнало носниот дел од грлото со физиолошки раствор или морска вода. Во овој случај, вирусот може механички да се „измие“ или уништи – тогаш тестот ќе биде негативен. Од истата причина, подобро е да не го дувате носот – вели докторката.

Таа додава додаде дека поради чистотата на тестот, многу подобро е да се воздржите од пушење.

– Се случува на човек да му падне нешто во носот, да го намачка со маснотии или да го издува и да добие негативен тест, иако има симптоми на корона – заклучил докторот.

Би можело да ве интересира

Во Хрватска пристигнаа домашните тестови за коронавирус

Жарко Настоски

Грците добиваат бесплатни домашни тестови за Ковид-19

Жарко Настоски

Земјите од ЕУ меѓусебно ќе си ги признаваат тестовите за Ковид-19

Жарко Настоски

Брзи Ковид тестови и во Велес

ЕК препорачува широка употреба на брзите тестови за коронавирус

Жарко Настоски

Набавка на дополнителни количини брзи тестови за Ковид-19