Золфакари: Иран ќе ги нападне домовите на американските и израелските функционери во регионот

Од:

Портпаролот на единицата за координација на вооружените сили на Иран, Ебрахим Золфакари, изјави дека земјата ќе ги таргетира домовите на американските и израелските „команданти и политички функционери во регионот“.

Золфакари, кој е портпарол на Централната команда на Хатам ал-Анбија, рече дека тоа е „одмаздничка мерка“ бидејќи, според него, САД и Израел „ги таргетираат станбените згради на иранските цивили во различни градови“, објави денес Би-Би-Си.

Десетици ирански воени команданти и функционери се убиени во воздушните напади на САД и Израел, вклучувајќи го и покојниот врховен ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од војната, на 28 февруари, објави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Трамп: Голем ден во Иран, уништени се долго барани цели

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Револуционерната гарда

Блискиот Исток во пламен: Иран и Хутите испукаа ракети кон Израел

Манер: Копнената операција во Иран е осудена на неуспех

Горан Наумовски

Багеи: Иран е подготвeн за секое сценарио

САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак

Горан Наумовски