Зоидо: Ако Пуџдемон биде двосмислен ја преземаме контролата

Од:

Шпанската Влада ќе ја преземе контролата над Каталонија, ако нејзиниот лидер Карлес Пуџдемон двосмислено одговори на прашањето дали прогласил независност од Шпанија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Хуан Игнасио Зоидо.

– Одговорот мора да биде недвосмислен. Мора да одговори или „да“ или „не“. Ако одговори двосмислено, тоа значи дека не сака дијалог, поради што шпанската Влада ќе мора да дејствува, посочи Зоидо.

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој му даде рок на Пуџдемон до понеделник да го појасни својот став, а потоа и рок до четврток да го смени мислењето доколку инсистира на отцепување, како што беше изгласано на референдумот одржан на 1. октомври.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски