Знамето на ЕУ беше издигнато на свечена церемонија во Даблин

Од:

Знамето на ЕУ беше издигнато денеска на свечена церемонија на централниот плоштад во ирската престолнина Даблин.

Од утре земјата ќе го преземе официјално од Кипар ротационото претседателство на ЕУ за период од шест месеци.

– За Ирска тоа ќе биде седмата таква мисија, која симболично се совпаѓа со 40-та годишнина од присоединувањето на земјата во Унијата. – Во тие четири децении нашите односи со Европа се подобрија, изјави премиерот Енда Кени пред Парламентот и претставници на дипломатскиот кор.

Кени особено внимание обрна на економските проблеми, со кои се судира ЕУ во моментот. Според неа, ирското претседателство ќе се води од три нешта: стабилност, нови работни места и економски раст.

Ирска се присоедини кон ЕУ на 1 јануари 1973 година заедно со Велика Британија и Данска.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер