Животот на Трамп е во опасност поради неговата дебелина и возраст, смета австралиски лекар

Од:

Австралискиот експерт за Ковид-19 Норман Свон објави свои здравствени проценки за американскиот претседател откако тој се зарази со коронавирус.

Како што вели тој, животот на Трамп е во опасност имајќи ја предвид возраста и здравствената слика на американскиот претседател.

Познатиот лекар, кој јавноста го знае како „австалискиот лекар Фаучи“ изјави дека на 74-годишна возраст, стапката на смртност од коронавирус е помеѓу пет и 15 отсто.

Тој додава дека дебелината на Трамп била над дозволената граница во однос на последниот лекарски преглед и тоа го зголемува ризикот на смртност помеѓу седум и 18 отсто, пренесе Гардијан.

Лекарот на американскиот претседател во Белата куќа, Шон Конли изјави денеска дека Трамп ќе продолжи да ги извршува своите должности без никакви пречки и дека тој и првата дама Меланија Трамп се чувствуваат добро.

Претходно, Трамп објави дека тој и неговата сопруга се во карантин, откако беше утврдено дека една од неговите најблиски соработници, 31-годишната Хоуп Хикс, е позитивна на вирусот.

Хикс е најблискиот соработник на Трамп кој е позитивен на вирусот, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него на дебата во Охајо и била снимена како излегува од авионот без маска.

Би можело да ве интересира

Човекот кој загина во автомобил пред хотелот на Трамп бил припадник на Зелените беретки

Илон Маск го искористи Никола Тесла како пример зошто треба да се даваат визи на одредени странски работници

Трамп е против забараната на TikTok во САД

ВИДЕО: Бајден и Трамп испратија сосема спротивни честитки за Божик

Трамп сака да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“

Горан Наумовски

Претседателот на Панама му порача на Трамп: Панамскиот канал е наш и така ќе остане