Вечерва, односно рано изутрина, доколку биде ведро времето можете да го видите поминувањето на Венера помеѓу Земјата и Сонцето, кое ќе се манифестира како црна точка на Сонцето.
Овој спектакл се случува два пати во 8 години, па следи пауза од 105 години. Така беше 1761. и 1769., па 1874. и 1882. година. Последен пар беше 2004. и сега, 2012. Следниот ваков спектакл е за 105 години, 2117. година!