Жителите на Виена против десничарите

Од:

Околу 3.000 луѓе се собраа вечерва во Виена за да протестираат против десничарскиот бал, кој што секоја година ги собира десничарските организации.

Демонстрациите започнаа мирно, но во текот на вечерта, сепак и покрај големото присуство на полицијата, се случи напад на гостите на балот. Учесниците на собирот истакнаа дека се собрале да го оневозможат одржувањето на т.н. “Бал на академици”.

По маршот низ улиците на градот, беше прогласен официјалниот крај на протестот, но учесниците не се разотидоа, туку една група се обиде да навлезе во палатата Хофбург во која се одржува балот, извикувајќи “нацисти надвор”.

Според пишувањето на медиумите, еден гостин на балот користел спреј од бибер за да се одбрани од демонстрантите.

Пратеникот во европскиот парламрент, од партијата на слободата на Австрија (FPO) Андреас Мелцер, демонстранти го гаѓаа со црвена боја.

Исто така и другите гости беа “обоени” со специјално подготвено “оружје” на демонстрантите.

Шефот на пратеничкиот клуб на (FPO) во Виена, Јохан Гуденус мораше да избега во едно кафуле, од каде што доби полициска придружба до влезот на Хофбург.

Полицијата соопшти дека имало неколку помали судири со чуварите на редот, поради што две лица се уапсени и двајца полицајци се полесно повредени.

И минатата година, левичарски екстремисти ги нападнаа гостите на балот, меѓу кои, како и оваа година, има групации од сите делови на Австрија и Германија

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски