Жителите на ЕУ од идната година ќе мораат да носат пасош за влез во Британија

Од:

Владата на Велика Британија денеска соопшти дека на патниците од Европската унија од 2021 година повторно ќе им треба пасош за да влезат во државата.

На граѓаните на Европската унија ќе им треба повторно пасош од октомври 2021 година за да влезат во Велика Британија, наместо личната карта што се уште важи меѓу преостанатите 27 членки на Унијата, објави владиниот весник „The Border Operating Model”.

Новото правило важи и за посетителите од Швајцарија, Исланд, Норвешка и Лихтенштајн, земји кои не се членки на ЕУ. Британската Влада донесе одлука за враќање на пасошите, тврдејќи дека личните карти се помалку безбедни.

Велика Британија официјално ја напушти ЕУ кон крајот на јануари и моментално е во преоден рок до крајот на годината.

Европскиот внатрешен пазар и царинската унија треба да ја напушти на 1 јануари, но трговскиот договор со блокот од 27 нации допрва треба да биде склучен.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година