Жители на Сиера Леоне ги напуштаат карнтините за ебола во потрага по храна

Од:

Илјадници луѓе во Сиера Леоне се принудени да го напуштат карантинот во кој се наоѓаат поради еболата и да одат во потрага по храна.

Големи подрачја на оваа западноафриканак земја се ставени под карантин со цел да се сперечи ширењето на смртносната болест ебола. Во овие области е издадена наредба луѓето да не се напуштаат домовите.

Владата на Сиера Леона со помош на Светската програма за храна на ОН, има задача да обезбедува храна и други потреби за овие луѓе, но сепак многу места во изолираните области на земјата, останаа исклучени од сето тоа, изјави Жан Камара претставник на организацијата „Кристијан Еид“ за Сиера Леоне. Недостигот на храна истовремено придонесе за зголемвање на цените на прхрамбените продукти.

Епидемија од ебола во западна Африка веќе однесе над 5.000 животи, поради што властите одат до крајност за да стават се под контрола, воведувајќи пвеќе мерки меѓу кои и карантините.

Владата на Сиера Леоне соопшти дека вовела вонредна состојба, што вклучува и забрана за собири на големи групи. Слични мерки се применуваат во Либерија и Гвинеја, кои се другите две земји најтешко погодени од епидемијата по Сиера Леоне.

Додека здрвствените власти тврдат дека тавите мерки се потребни поради еболата, Комитетот, кој ги обединува и им помага на хуманитарните организации, предупредува дека не може да снабди со храна на илјадници луѓе. Тоа ги принудува да го напуштаат карантинот и да одат по олоните пазари за да бараат храна, со што се претвораат во потенцијална закана за ширење на вирусот на ебола, се вели во соопштението на Комитетот.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

ВИДЕО: Најмалку 84 мртви во експлозија на цистерна со гориво во Сиера Леоне