Жител на канадската провинција Алберта на лото освои повеќе од 40 милиони долари

Од:

Жител на канадската провинција Алберта освои на лотарија 50 милиони канадски долари (41,7 милиони американски долари).

Засега името на среќниот добитник не е соопштено, но се знае дека ливчето со добитната комбинација на една од најпопуларните игри на среќа „Лото-Макс“ било продадено во Алберта.

Уште две лица ќе добијат утешителни награди од еден милион долар. Едно од ливчињата е продадено во провинцијата Њуфаундленд, а другото во Онтарио.

Веројатноста да се погодат седумте добитни броеви од 1 до 49 е еден на 28 милиони, посочуваат организаторите на „Лото-Макс“.

Би можело да ве интересира

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација