Жига: До петок решение за спогодбата за слободна трговија ЕУ-Канада

Од:

Земјите-членки на Европската унија имаат време до петок да ја одобрат спогодбата за слободна трговија со Канада, изјави вчера словачкиот министер за економија Петер Жига, чија земја е актуелен претседавач на Унијата.

Канадскиот премиер Џастин Трудо следната недела треба да пристигне во Брисел, за да ја потише спогодбата заедно со своите европски колеги.

Но земјите-членки на ЕУ треба прво да дадат согласност, што требаше да се случи вчера на специјално свикана средба на министрите за трговија од Унијата.

– По средбата на Советот на ЕУ сите земји-членки, со исклучок на една беа тука за ова прашање. Дискусиите за пронаоѓање решение во Белгија сепак продолжуваат, додаде Жига.

Еврокомесарот за трговија Сесилија Малмстром изјави дека треба да се пронајде решение до петок кога завршува дводневната средба на евролидерите.

– Нашите канадски пријатели треба да знаат дали да купуваат билети или не, додаде таа.

– Се наоѓаме во апсурдна ситуација. Спогодбата е држена како заложник од Парламентот на белгиската провинција Валонија и не можеме да ја одблокираме, рече министерот за економски развој на Италија, Карло Календа.

Церемонијата за потпишување на Сеопфатната економска и трговска спогодба (СЕТА) е планирана за самитот ЕУ-Канада на 27 октомври.

– Доколку не успееме да ја договориме трговската спогодба нема да има самит, нагласи Малмстром.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он