Жесток конфликт меѓу Зеленски и Кличко: Се чини дека имаме и внатрешни непријатели

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го „нападна“ градоначалникот на Киев и поранешниот боксер Виталиј Кличко, откако тројца жители на главниот град беа убиени во ракетен напад бидејќи не можеа да влезат во засолниште.

Полицијата започна кривична истрага откако мајка и деветгодишна ќерка и уште една жена беа убиени во руски ракетен напад во четвртокот, откако засолништето во кое се обидуваа да се сокријат не се отвори.

– Засолништата мора да бидат достапни. Ситуацијата што се случи синоќа во Киев никогаш повеќе не треба да се повтори. Должноста на локалните власти да обезбедат дека засолништата се достапни 24 часа на ден е многу јасна. Болно е да се види таква негрижа. Болно е да се гледаат жртвите. Доколку должноста не се исполни на терен, директна обврска на органите на прогонот е да ги гонат одговорните – изјави синоќа Зеленски.

Украинскиот претседател претходно зборуваше од Молдавија и рече дека Украина се соочува со руски непријател, но дека има и внатрешен и дека одговорот на нив може да биде нокаут, а „Дејли Мејл“ наведува дека ова е порака за поранешниот „тешкаш“, боксерскиот шампион Кличко.

– Некој мора да одговара затоа што граѓани загинале бидејќи не можеле да влезат во прифатилиштето. Како да не е доволно да ја имаме Русија за непријател, имаме и внатрешни. Може да дојде до нокаут – рече видно бесниот шеф на државата.

Зеленски и Кличко се во конфликт од почетокот на војната, а британските медиуми наведуваат дека најновиот конфликт е знак за тлее криза во украинските политички редови.

Во декември, украинскиот претседател ги критикуваше Кличко и неговите градски власти дека не направиле доволно за да обезбедат засолништа и да им помогнат на Украинците без струја или греење по руските напади врз енергетскиот систем.

– За жал, локалните власти не се претставија добро во сите градови. Во Киев има многу поплаки. Тие треба да направат многу подобро. Нека обрнат внимание. На жителите на Киев им треба поголема поддршка… Многумина се без струја 20, па и 30 часа. Очекуваме квалитетна работа од кабинетот на градоначалникот – изјави тогаш Зеленски.

Виталиј Кличко подоцна ги отфрли критиките за зимските подготовки, велејќи дека верува дека тоа е „политичка изјава“ и дека изгледа „чудно“ за странските влади кои ја поддржуваат Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина