Британската армија од ноември укинува забрана жени-војници да учествуваат во борби со што и на жените ќе им биде дозволено да се најдат на првата линија на фронтот, соопшти Министерството за одбрана.
Тие наведуваат дека одлуката е донесена врз основа на лекарски проценки на психичка и физичка способност на жени да учествуваат во борби.
Премиерот Дејвид Камерон ја поздрави одлуката и побара побрза реализација.
Одлуката е донесена откако САД во декември најавија слична одлука. Жени-војници кои учествуваат во директни судири веќе служат во канадската и израелската армија, додека во Индија во јуни беа регрутирани првите жени-воени пилоти.