Жените обвинети за убиство на братот на Ким Џонг-ун може да бидат ослободени

Од:

Двете жени на кои во Малезија им се суди под обвинение за убиство на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам, денеска би можеле да биде ослободени од обвинувањата, јави ДПА.

Дваесет и петгодишната Индонезијка, Сити Ајсија и 29-годишната Виетнамка, Доан Ти Хуонг се осомничени дека го испрскале Ким Џонг-нам со нервен агенс во лицето на аеродромот во Куала Лумпур на 13 февруари 2017 година, по што тој набрзо почина.

Адвокатите на двете обвинети тврдат дека тие биле измемани да го извршат нападот, откако им било кажано дека станува збор за снимање со скриена камера за потребите на телевизиско шоу и дека треба само да го испрскаат Ким Џонг-нам со безопасна течност.

Правните застапници изразија уверување дека нивните клиентки ќе бидат ослободен од обвинението.

Според правни експерти, Судот би можел да ги прогласи двете жени за невини, со образложение дека нема доволно докази што би го потврдиле обвинението.

Доколку пак бидат прогласени за виновни, двете жени би можеле да бидат осудени и на смртна казна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“