Жена во Кина почина од комбинирани соеви на птичји грип

Од:

Кина пријавила смрт на жена која подлегнала на инфекција со комбинирани видови на птичји грип, H3N2 и H10N5, но го оценила ризикот од пренесување од човек на човек како низок. На крајот на ноември, 63-годишна жена од провинцијата Анхуи, која имала хронични здравствени проблеми, се разболела и развила симптоми на грип – кашлица, болки во грлото и треска. Таа почина по 16 дена, соопшти Националната администрација за контрола и превенција на болести.

Анализата на геномската секвенца на вирусот покажа дека се работи за сој на птичји грип H10N5 кој нема способност ефикасно да зарази луѓе.

Скринингот на блиски контакти бил негативен и не биле откриени сомнителни случаи, додаваат од управата, нагласувајќи дека ризикот од пренесување на болеста од човек на човек е мал. Кина е дом на огромен број одгледувани и диви птици од различни видови, создавајќи идеална средина за птичји вируси кои се мешаат и мутираат.

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна