Спасувачките тимови во Дака пронашле жена која останала жива и по 17 дена под урнатините на урнатата зграда во Бангладеш во која загинаа повеќе од 1.000 луѓе.
Спасувачите велат дека штом го лоцирале местото каде се наоѓала жената, престанале со работа со тешка машинерија, а на повиците жената се јавила со мавтање со раката.
Жената која се вика Решми била заробена во подрумските простории под зградата и не претрпела значајни повреди. Спасувачките веднаш и донеле храна и вода, а побарана е и боца со кислород.
Потрагата по евентуални преживеани трае 17 дена, но ова е прв човек пронајден жив под урнатините.