Жена од Шпанија се спасила од киднапер кој ја врзал со катанец и синџир околу вратот

Од:

Осудениот педофил е уапсен во Шпанија поради обид за киднапирање, откако жена со катанец и синџир околу вратот се појавила во локална болница. Лекарите во градот Миранда де Ебро останале запрепастени кога жена со модринки на лицето влегла во болницата „Св. Јаков“. Околу вратот и рацете и бил заклучен синџир со два катанци, а на медицинскиот персонал му објаснила дека побегнала од киднапер, пишува Олив прес.

40-годишната жена, чие име не се соопштува, на полицијата и рекла дека претходно била во болница за да посети болен пријател. Кога си заминала, таа рече дека мажот и понудил патување до дома, но на пат рекол дека мора да застане во неговата куќа за да земе неколку работи. Тогаш наводно ја добил нејзината доверба и ја поканил внатре, но откако ја затворил влезната врата ја претепал до бесознание.

Жената рекла дека кога се освестила, мажот се обидел да ја задави со синџир околу вратот. Потоа и ги врзал рацете со друг синџир за да ја спречи неговата жртва да возврати и да ја спречи да избега. Во полицискиот извештај, жената рекла дека успеала да побегне низ прозорец и да отиде кај роднините кои потоа ја однеле во болница.

Полицијата потврди дека 57-годишен маж е уапсен и засега е идентификуван само како Ј.М.Г. Тие додаваат дека тој претходно бил осуден за киднапирање и злоупотреба на деветгодишно девојче во Бургалеса во декември 2015 година. Случајот сега го истражува Единицата за семејно насилство и се третира како инцидент на сексуално насилство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Мајка на единствената Британка која ја држи Хамас: Трамп ми дава надеж

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра