Железничка несреќа во Индија, 18 жртви

Од:

Осумнаесет лица загинаа денеска во Индија во судар меѓу патнички и товарен воз.

Патничкиот воз се движел кон Бангалоре, престолнината на сојузната држава Карнатака, кога налетал на товарниот воз на железничката станица во Пенеконди, во соседната држава Андра Прадеш.

Четири вагони од патничкиот воз излетале од шините, откако машинистот закочил со сопирачките за итни случаи, кога го забекежал товарниот воз на шините.

Еден од излетаните вагони се запалил и во него биле бокирани многу патници. Најмалку осум лица изгореле, соопшти локалната полиција.

Во несреќата се ранети најмалку 35 лица и тие се хоспитализирани во околните болници.

Спасувачките екипи и натаму извлекуваат патници, кои се заглавени меѓу вагоните. Досега се спасени околу 70 лица.

Услугите на индиската железница секојдневно ги користат 18 милиони луѓе и таа најчестото превозно средство во земјата.

Најтешката железничка несреќа во Индија се случила во 1981 година, кога патнички воз излетал од шините и паднал во река во државата Бихару, во несреќата загинале 800 лица.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Несреќа во каменолом крај Росоман: Се преврте камион, тешко повреден е возачот