Жана Немцова: Путин има политичка одговорност за убиството на татко ми

Од:

Ќерката на ликвидираниот руски опозициски лидер Борис Немцов во интервју за „ВВС“ вели дека Владимир Путин е одговорен за смртта на нејзиниот татко.

Триесетгодишната Жана Немцова истакна дека моќниот руски претседател е „политички виновник“ за убиството, кое се случи на 27-ми февруари во вечерните часови во близина на Кремељ.

-Мојот татко беше најистакнат критичар на Путин. Беше најмоќен опозициски лидер во Русија. По неговата смрт опозицијата е обезглавена и сите се исплашени- вели таа и напоменува дека Борис Немцов се борел исклучиво со Путин и никој друг.

Според неа сега опозицијата во Русија нема доволно моќна, стручна и искусна личност која е во состојба да се конфронтира со власта.

Таа додава и дека истражителите досега воопшто не ја контактирале и дека верува дека причина за тоа е што не се заинтересирани за независна истрага.

Инаку според наводите на медиумите Путин јавно го осуди убиството, нареди истрага и изрази сочувство на мајката на Немцов, а Кремељ ги отфли тврдењата дека има врска со ликвидацијата.

Истрагата е насочена кон тезата дека опозиционерот е убиен поради тоа што го осуди масакрот во редакцијата на „Шарли Ебдо“, поради што неодамна беа приведени неколку лица од Чеченија, а едниот од нив признал и дека е вмешан, иако се појавија тврдења дека тоа признание е изнудено со тортура.

Жана Немцова за „ВВС“ вели дека се уште не и е дозволено да влезе во станот на нејзиниот татко, во кој ги чувал сите важни документи.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски