Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави денес дека Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран преку Обединетите нации доколку преговорите за неговата нуклеарна програма не бидат успешни.

„Нема сомнение дека кога ќе истече нуклеарниот договор со Иран за неколку недели, и ако европските безбедносни интереси не бидат загарантирани, ние без никакво двоумење повторно ќе ги примениме сите санкции што беа укинати пред 10 години“, рече Баро на состанокот на Советот за безбедност на ОН, објави Ројтерс.

Франција, Велика Британија и Германија, познати како „Е3“, се потписнички на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, кој истекува во октомври, и имаат право да активираат механизам за повторно воведување санкции, познат како „snapback“, во Советот за безбедност.

Би можело да ве интересира

Баро: САД да престанат да ја уценуваат Данска за Гренланд

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Порака од Франција: Американскиот напад врз Венецуела е спротивен на принципите на меѓународното право

Дуров: Макрон ја претвора ЕУ во дигитален гулаг

Портокалово предупредување за снег и мраз во Франција

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски