Жак Делор и советува на Велика Британија да ја напушти ЕУ

Од:

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жак Делор и посоветува на Велика Британија да ја напушти Европската унија и да се определи за други форми на европска интеграцијам јавува дописникот на МИА од Париз.

– Британците се интересираат само за нивните економски интереси, и ништо повеќе. Можеме да им предложиме еден вид на партнерство, оцени Жак Делор во интервјуто за германскиот весник „Ханделсблат“.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, кој е изложен на притисоци од „евроскептиците“ од редовите на неговата партија, изјави пред околу еден месец дека го поддржува членството на Обединетотот кралство во ЕУ, но дека „сака нов договор“, кој содржи процедури за неучество во клучните проблеми.

Во едно интервју за „Гардијан“, претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј предупреди на сите обиди за преземање на власта на сметка на ЕУ, што може да ја стави во опасност ЕУ.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа