Фасадата на зградата на Националниот музеј на Бразил, каде што минатата ноќ избувна огромен пожар, може да се урне, јави телевизискиот канал „Глобу”, повикувајќи се на противпожарната служба.
Спасувачките служби продолжуваат со инспекција на зградата и неутрализираат преостанатите огништа, а воедно се спасуваат и експонатите кои не изгореа во пожарот.
Пожарникари алармираа дека фасадата има пукнатини што значи дека постои ризик од уривање.
Пожарот избувна по затворањето на музејот, поради што и нема повредени лица. Четворица уредници, кои биле на работа, успеале да излезат навреме од пламнал зграда.
Според една од верзиите, пожарот може да е предизвикан откако врз покривот паднал летечки кинески фенер.
Раководството на музејот смета дека големите загуби можеле да бидат избегнати ако зградата била опремена со современ противпожарен систем.
– Зградата не беше прилагодена за функционирањето на современа научно испостава со високо ниво на потрошувачка на електрична енергија. Лабораториите, ИТ-опремата административните зони, го зголемуваја товарот врз електричната мрежа, констатира Роберто Леер, ректор на Федералниот универзитет на Рио де Жанеиро, структурна единица од која е и музејот.
Локалните медиуми информираа дека гаснењето на огнот било отежнато и поради тоа што противпожарните кранови во соседството не работеле.
Телевизијата „Глобу” емитуваше снимки со десетици жители на Рио кои ја пробија заштитната ограда пред зградата и околу музејот формираа „жив синџир”, иако полицијата и општинската гарда се обидоа да ги задржат. Акцијата ја симболизира желбата на учесниците да го „прегрнат“ музејот, кој се смета за национална гордост. Инаку на протестите учествуваа стотици жители кои сакаат да влезат во зградата на Музејот за сами да видат што е изгорено. Органите на редот употребија солзавец и звучни бомби за да ги растераат луѓето.
Музејот во северниот дел на Рио е историски имот од почетокот на 19 век, кој му припаѓал на трговец со робови. По пристигнувањето на Португалија во Новиот свет, во 1808 година, трикатната зграда станува сопственост на монархическото семејство, а во 1816 година станува и негова официјална резиденција.
На тој имот се случиле важни историски настани. Таму, во 1822 година е прогласена независноста од португалската круна, таму заседавало првото уставно собрание, со кое се стави крај на монархическата форма на управување и го постави темелите на републиката.
Музејот, изграден по наредба на кралот Жоао Шести во 1818 година, а пренесен во зградата дури во 1892 година.
Националниот музеј е најстарата научна институција во оваа јужноамериканска земја. Во неговата колекција од околу 20 милиони експонати, има археолошки и древноегипетски артефакти, мумии, предмети за домаќинството и минерали. Во музејот се наоѓаше и човечки скелет, прогласен за најстар откриен на територијата на Северна и Јужна Америка. Тој е на жена, која живеела пред повеќе од 12 000 години.
Во огнот „преживеа“ метеоритот Бендего со тежина од 5260 кг, пронајден во современ Бразил, кон крајот на 18 век.
„Франција е подготвена да укаже стручна помош на Бразил за обновување на Националниот музеј во Рио, кој е речиси целосно уништен“, напиша денеска на Твитер францускиот претседател Емануел Макрон и случајот го оквалификува како трагедија, која претворила во пепел голема историја и паметење.
Бразилскиот претседател Мишел Темр денеска изјави дека државните и приватните банки и компании се согласиле да помогнат во обновата на Националниот музеј.
Темер претходно изјави дека вчера бил „тажен ден за сите Бразилци”.
„Двесте години работа, истражување и знаење се изгубени”, посочи вели Темер во денешното соопштение.