Зголемено турското воено присуство во Катар

Од:

Нова група турски војници пристигнаа во американската воздухопловна база Ал Удеид во катарскиот главен град Доха, каде што се стационирани 11.000 војници на САД и на земјите од антитерористичката коалиција.

Како што јави ТАСС, оваа група војници ќе им се приклучи на турските трупи кои пристигнаа во Катар на 18 јуни за да учество во задничките маневри на армиите на Турција и Катар.

– Тие вежби беа од претходно планирани во рамките на договорот за заедничка одбрана, потпишан меѓу Доха и Анкара. Нивната цел е зголемување на одбранбените капацитети, помагање при напорите за борба против тероризмот и зачувување на стабилноста и безбедноста на регионот, изјави претставник на турското Министерство за одбрана.

Турција инаку го поддржува Катар во спорот со земјите од Персискиот Залив, кои воведоа санкции кон земјата поради наводна поддршка за терористички и исламистички организации.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски