Зголемена безбедност во Виена по дојавата за можен исламистички напад

Од:

Полицијата на Виена ги засили вооружените полициски патроли во градот, особено околу црквите, откако внатрешното разузнавање доби информации кои укажуваат на можен исламистички напад.

„Во моментов не може да се процени колку долго ќе трае оваа зголемена заштита на локациите“, напиша полицијата на Твитер.

Полицијата нагласи дека ќе издаде итно предупредување доколку заканата се намали на одредена локација.

Полицијата ги предупреди граѓаните за зголемен број на вооружени полициски патроли.

„Ќе забележите дека во моментов има поголем број полициски сили кои патролираат низ градот со специјална опрема. Причината е неспецифична закана против црквите. Ќе продолжиме да ве информираме“, додаде полицијата на Твитер.

Таа објасни дека австриската внатрешна разузнавачка служба има информации дека во Виена се планира напад со исламистичка позадина.

Би можело да ве интересира

Директорот на училиштето во кое ученик се закани со убиство: Ќе седам до него додека не ја заврши годината

Спасовски: Нема дојави за бомби откако се воведоа протоколи во училиштата

Орце Костов

Пендиков: Бугарите во Македонија се малтретирани од полицијата, добивам закани уште повеќе откако добив државјанство

Орце Костов

Србин е уапсен во Виена: Се закануваше дека ќе убие „во живо“, а потоа побара пиштол

Иван Јорданов за „А1он“: Неколку месеци трпев закани, но се чувствувам безбедно

Орце Костов

Градоначалникот на Штип пријавил закани во полиција, камерите го снимиле заканувачот

Орце Костов