Зголемен ризикот од нов катастрофален земјотрес во Непал и северна Индија

Од:

Постои зголемен ризик, во блиска иднина, да се случи нов катастрофален земјотрес, во реонот на Непал и Индија, предупредуваат британски научници.

Во објавените научни анализи, во специјализираните списанија „Нејчар Геосајенс„ и „Сајенс„ се откриваат најнивите сознанија, според кои, катастрофалниот земјотрес од 25 април оваа година, во Непал, не ја ослободил целата енергија што била создадена во длабочината на земјината утроба, па затоа, наскоро тоа би можело да предизвика нов силен потрес.

„Овој регион бара постојано внимание, затоа што доколку би се случило ново поместување на тлото, тоа би имало катастрофални размери, поради густо населените реони во западен Непал и во северна Индија„- изјавил за Би-би-си, професорот на Универзитетот во Кембриџ, Жан Филип Авоак.

Земјоттресот со силина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што се случи во април годинава, предизвика смрт на повеќе од девет илјади лица и остави повеќе илјади ранети и големи разурнувања.

Научниците веќе имаат воспоставено редовен мониторинг на целиот регион, што го означуваат како „зона на судирњето“.

Според научниците, во оваа зона се „допираат„ индиското тектонско плато, кое притиска врз северното, евроазиско плато, движејќи се со брзина од два сантиметри годишно.

Линијата на судирањето е во реонот на Химелаите, блиску до Катманду, главниот град на Непал.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати