Во експлозијата што доведе до рушење на зграда во британскиот град Лестер загинаа пет лица, а уште пет се сместени во болница, соопшти полицијата.
Официјалните лица наведоа дека во тек е потрага, не исклучувајќи ја можноста бројот на жртви да е поголем.
Причината за експлозијата сè уште не е утврдена, но полицијата смета дека не станува збор за тероризам.
Противпожарникарната служба соопшти дека можеби ќе поминат неколку дена додека да бидат утврдени причините за експлозијата.