Зголемен бројот на нападите врз странци во Германија за 20 отсто

Од:

Бројот на ксенофобичните напади врз странците кои живеат во Германија, во минатата година е зголемен за 20 отсто, соопшти германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер.

Регистрирани се вкупно 473 вакви напади, во споредба со 393 колку што имало една година пред тоа, за кои се вели дека се резултат на дејствувањето на екстремнодесничарските и неонацистичките групи и на Национаната демократска партија на Германија (НПД).

Според сознанијата на германското контраразузнавање, како екстремисти и припадници на екстремната десница, се означени 21.700 лица.

Анализите покажуваат дека екстремизмот, главно, е последица на големиот наплив на имигранти во Германија, на зголемените апликации за азил и на доселувањето на бегалците од земјите на Блискиот Исток.

Вкупната имиграција во Германија, само од земјите-членки на ЕУ, во 2013 година достигна над 18 отсто, што е највисок процент во последните 20 години.

Ваквиот раст е последица на напливот на имигранти од Шпанија и Италија, како и од земјите од Источна Европа.

Во исто време, само од Сирија во земјата има околу 20 илјади бегалци, што се последица на тригодишната граѓанска војна и на неуспехот на меѓународната заедница да обезбеди мир во оваа земја.

Паралелно со растот на десниот екстремизам, продолжува да расте и заканата од исламските групи кои дејствуваат на германската територија.

Преку 43 илјади исламски екстремисти се регистрирани од експертите на германските разузнавачки агенции, што се смета дека само уште повеќе го потхранува,ултрадесничарскиот германски есктремизам.

Германија со години на ред,се брани од крајнодесничарските групи и партии со законската забрана за користење на симболите од времето на нацизмот, но и покрај тоа,на мајските евроизбори, за прв пат неонацистичката партија НПД, успеа да влезе во Европскиот Парламент, предизвикувајќи шок во домашната политичка јавност.

Во оваа земја, најголема во ЕУ и со најсилна економија, се уште егзистира и ултрачевиот и левичарскиот екстремизам, на кој се верува му припаѓаат 28.500 Германци.

Нивните напди врз полицијата, како и врз ултрадесничарите и неонацистите, во минатата година се зголемиле за приближно 40 отсто.

Гераманскиот министер Де Мазиер изрази загриженост за ваквата состојба во земјата и најави дека Владата во Берлин нема да дозволи натамошен раст на екстремизмот.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ