Земјотресите на Корејскиот полуостров се зголемиле за над 50 отсто во последните три години

Од:

Бројот на земјотреси на Корејскиот полуостров се зголемил за над 55 отсто во последните три години, соопшти Хидрометеоролошката служба на Јужна Кореја.

Во првите седум месеци на 2013 година, се регистрирани 65 подземни потреси, што е за 54,8 отсто повеќе од 2010 година.

Во 2011 година на Корејскиот полуостров се случиле 52 земјотреси, а во 2012 година – 56.

Оваа година епицентрите на осумте потреси биле на копно, а сите останати биле под вода, поголемиот дел во Жолото Море. Во повеќето случаи интензитетот на земјотресите бил мал – до два-три степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава