Земјотрес во западниот дел на Кина

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени го погоди денеска градот Атус во западниот дел на Кина, во автономниот регион Сингјанг, населен со ујгурско малцинство, соопшти Кинескиот центар за земјотреси.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од околу осум километри под површината на Земјата. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Заменик-градоначалникот на Атус, Ванг Феи изјави дека земјотресот бил почувствуван и во градот, а спасувачките екипи веднаш заминале во гратчето Каражол, кое се наоѓа најблиску до епицентарот на потресот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас