Земјотрес во Русија – прогласена е опасност од цунами

Од:

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала се случи денес покрај брегот на Камчатка, објави регионалниот оддел на руското Министерство за вонредни ситуации.

Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, 146 километри источно од градскиот округ Петропавловск-Камчатски, според прес-службата на регионалниот оддел.

По првиот земјотрес, уште два земјотреси се случија во близина на брегот на полуостровот, со јачина од 6,5 и 7,2 степени.

Закана од цунами е прогласена за неколку населени места на Камчатка.

– Максималната висина на бранот се предвидува во селото Никољскоје. Таму се очекува бран до 0,29 метри. Во Уст-Камчатск е можно зголемување до 0,19 метри – објави прес-службата на Министерството за вонредни ситуации за регионот Камчатка.

Спасувачите им препорачуваат на жителите од споменатите населби да се преселат на повисоки места и да се држат подалеку од водата.

Би можело да ве интересира

Калас вети во Киев дека ќе ја повика Русија на одговорност

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги