Земјотрес во Кавказ

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени бил почувствуван од жителите на црноморското крајбрежје на Кавказ.

Потресот бил почувствуван од апаратите на сеизмолошката станица во Сочи рано утрово по 4 часот по московско време.

На Интернет страницата на европскиот средоземноморски сеизмички институт се истакнува дека епицентарот на потресот бил на 56 километри од престолнината на Абхазија Сухуми и на 26 километри од Тибера во Карачево-Черкеската република.

Нема податоци за жртви и материјални штети.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба