Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Камчатка

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Тихиот Океан, во близина на Камчатка, соопшти огранокот на Обединетата геофизичка служба (УГС) на Руската академија на науките во Камчатка.

Според агенцијата, земјотресот се случил во 11:15 часот по локално време со епицентар на 178 километри источно од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 39,4 километри, објави РИА Новости.

Овој земјотрес доаѓа само еден ден откако Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес во регионот во последните 70 години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски