Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Индонезија, се евакуираат жителите

Од:

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди индонезиската провинција Западна Јава, соопшти државната геофизичка агенција (БМКГ), а жителите во областите во близина на епицентарот панично ги напуштаат своите домови. Земјотресот, со епицентар на 22 километри од градот Сукабуми, немал потенцијал да предизвика цунами, објави агенцијата, додека снимките од информативниот канал TVOne покажале дека жителите ги напуштиле своите домови во тој град.

Потресите се почувствувани и во главниот град Џакарта и околните области, изјавија очевидци на Ројтерс. Абдул Мухари, официјален претставник на Индонезиската агенција за ублажување на катастрофи (BNPB), изјави за Ројтерс дека засега нема извештаи за штета, но агенцијата сè уште ја проценува ситуацијата.

Минатиот месец, земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Сианџур, исто така во Западна Јава, при што загинаа повеќе од 300 луѓе и предизвикаа штета на илјадници домови. Индонезија има историја на разорни земјотреси, а оној во 2004 година со јачина од 9,1 степени во близина на островот Суматра во северна Индонезија предизвика цунами што погоди 14 земји, при што загинаа 226.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес е регистриран во близина на брегот на Индонезија

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

ВИДЕО: Шестгодишно дете спасено од урнатините два дена по земјотресот во Индонезија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена драматична снимка од силниот земјотрес во училиште во Индонезија

А1он