Земјотрес со интензитет од 6,7 степени ја погоди Јапонија

Од:

Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на централниот дел на јапонскиот остров Хоншу, соопштија руските медиуми.

Според Националната метеоролошка управа, нема податоци за настрадани луѓе и разурнувања, ниту предупредување за опасност од цунами.

Епицентарот на потресот бил во Тихиот океан, во реонот на островите Идзу, а огништето било на длабочина од 450 километри под морското дно.

Потресот е почуствуван во 15 од 47 префектури, вклучувајќи го и Токио.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила