Земјотрес со интензитет 6,1 во близина на Фукушима

Од:

Земјотрес со интензитет 6,1 степени е регистриран утрово, на североисточното крајбрежје во Јапонија, во близина на оштетената нуклеарна централа Фукушима, јави Американскиот геофизички институт.

Се уште не е упатено предупредување од цунами и извештај за предизвикана штета.

Јапонската метролошка агенција јави дека потресот со интензитет 5,9 степени се почувствувал и на источното крајбрежје Хоншуа, главниот остров во Јапонија.

Се проценува дека епицентарот бил на длабочина од 41, 5 километри.

Земјотресот се случил на 50 километри од местото Нами, во близина на оштетената нуклеарна од цунами, од стравотниот земјотрес од 11-ти март 2011 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба