Земјотрес регистриран во реонот на вулканот Бардарбунга

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала регистриран е во реонот на вулканот Бардарбунга, југоисточен Исланд.

– Тоа е најсилен земјетрес во реонот на вулканот од 1996 година, соопшти исландската метеоролошка служба.

Вулканот Бардарбунга минатата недела го потресоа илјада мали земјотреси, длабоко под исландскиот глечер Ватнајакул.

Властите во Исланд вчера го подигнаа нивото на предупредување во воздушниот сообраќај  на највисоко, црвено ниво, поради активноста на вулканот Бардарбунга, што значи дека ерупцијата ќе се случи многу брзо или е во тек.

Според сеизмолозите, магмата се движи под глечерот, но засега хоризонтално, на длабочина од пет до 10 километри. Вулканот Бардарбунга ќе еруптира ако магмата се крене и го истопи мразот.

Воздушниот простор над глечерот Ватнајакул и понатаму е затворен.

Исландскиот вулкан Ејафјадлајекидл во 2010 година исфрли пепел, кој предизвика хаос во воздушниот сообраќај, бидејќи најмалку 100.000 летови беа откажани.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава