Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Од:

Земјотрес со магнитуда од 6,8 степени според Рихтеровата скала денес го погоди северниот брег на островот Борнео во индонезискиот архипелаг, објави Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 633 километри, објави Ројтерс.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC) наведува дека земјотресот бил посилен и дека бил измерен 7,1 степен.

Засега нема информации за можни повредени или штети.

Земјотрес со магнитуда од 6,5 степени според Рихтеровата скала денес го погоди и Тајланд, објави Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за можни повредени или штети.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Четворица астронаути тргнаа на пат кон Месечината

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров